Филмската мега ѕвезда Двеј Џонсон, познат како „Карпата“, ја доби својата втора ќерка со неговата партнерка Лорен Хашиан.
Радосната вест, 45-годишниот Двејн Џонсон ја сподели преку емотивна објава на Инстаграм и фотографија на која го гушка своето новороденче.
Бебето се вика Тиана Џиа, и е негово трето дете. Тој ги има и ќерките Симон Алехандра и Џасмин Лиа.
– Кожа на кожа. Благословен сум и горд да донесам уште една силна девојка на овој свет. Тиана Џиа Џонсон дојде на светов како сила на природата а мајка и ја роди како вистинска рок ѕвезда. Одгледан сум од силни, грижливи жени, но откако присуствував на раѓањето на Тиа, тешко е да се изрази новото ниво на љубов, почит и восхит што го имам за мајка и и за сите мајки и жени кои постојат. Господа, ако навистина сакате да го разберете најмоќниот момент што животот може да го понуди – тоа е да гледате како се раѓа дете – е дел од порака што „Карпата“ ја остави на социјалните мрежи.
ФОТО: инстаграм