Каролина со шик стајлинг на Менхетен, и со чанта „Фенди“ од 1.200 евра ФОТО

На нејзините обожаватели најмногу им падна во очи чантата со ремен околу половина.

2304
20121222 Saturday 0847 karolina goceva koncert

Со мошне интересен џемпер, со чанта од марката „Фенди“ и црвени очила за сонце, поп-пејачката Каролина Гочева се прошета на Менхетен.

Каролина веќе неколку дена е во Њујорк, заедно со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин. Корубин синоќа имаше отворање на неговата изложба на уметнички дела во галеријата „МС“ во Њујорк.

Дека има одличен стил, Каролина докажува со секое свое појавување, а овојпат на њујоршките улици се прошета во интересен, тренди стајлинг. Убавата пејачка ја објави фотографијата на својот профил на Инстаграм.

На нејзините обожаватели најмногу им падна во очи чантата со ремен околу половина (која е ултрамодерна за оваа сезона). Овој моден детаљ чини околу 1.200 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...