Националната опера и балет на 27 ноември со почеток во 20 часот ќе ја изведе најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.
Публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта се Наде Талевска, Горан Начевски и Дејан Стоев.
Солисти на балетот се Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Емир Нухановиќ од Босна и Херцеговина.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.