Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф на 2 април во 20 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет.
Публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот, соопшти МОБ.
Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор, Горан Начевски – баритон.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.