Карл Билт ги разгневи муслиманите со коментар на фотографија за Сараево

595
fotoMIA

Поранешниот шведски премиер и некогашен висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Карл Билт, го „навлече“ бесот со твит на кој, како што проценија бројни корисници на социјалните мрежи, им се потсмевал не само на жителите на Сараево, туку и на муслиманите воопшто.

Билт на Твитер објави фотографија од Сараево, на која има жени со бурки, со придружен коментар: „Постои напредок во нашиот свет. Тоа било Сараево пред еден век “.

Тоа разбесни многу негови следбеници, кои, меѓу другото, го нарекоа „Карл Брејвик“, го критикуваа, а некои дури порачаа и дека се изненадени од неговите ставови.

Некои го потсетија како изгледа „напредокот“ под закрила на Западот, па објавуваа разни фотографии направени во текот на војните во 90-те години на минатиот век.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...