Кардашијан ужива во луксуз, а живее во манастир ФОТО

Старлетата белината која преовладува во нејзиниот дом ја нарекла „минималистички манастир“.

1138

Ким Кардашијан ја отворила вратата на својот луксузен дом во Хиден хилс во Калифорнија, па покажала каде живее со сопругот Канје Вест и трите деца, Норт, Сеинт и Чикаго.

Старлетата белината која преовладува во нејзиниот дом ја нарекла „минималистички манастир“, а идејата е, всушност, инспирирана од нејзиниот сопруг Канје. Сето тоа го открила одговарајќи на 73-те прашања во изданието за „Вог“.

Пространи соби, и мошне малку детали ја красат семејната куќа, а Ким признала дека на Инстаграм, каде што има повеќе од 130 милиони следбеници, поминува само половина час дневно.

Таа ужива во родителството, а истакнала дека ѝ е особено мило кога ќе ја слушне потврдата на своите деца дека ја сакаат.

 

ФОТО: Скриншот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...