Кардашијан го фатила мажот во неверство, па ја претепала стриптизетата во хотелска соба

Инцидентот наводно се случил во 2012 година, додека тие двајцата беа во брак.

444

Поранешниот сопруг на Клои Кардашијан, кошаркарот Ламар Одом, издаде автобиографија во која ја обвини Клои за напад на стриптизета.

Инцидентот наводно се случил во 2012 година, додека тие двајцата беа во брак. Одом тогаш бил во хотел каде повикал неколку стриптизети, а Клои им упаднала. Добила клуч од вработените во хотелот и нејзината мајка Крис Џенер била со неа.

Клои влетала во собата и скокнала на првата девојка што ја видела. Почнала да ја удира и ја претепала, сликовито опишува Ламар во книгата „Darkness to light“. Мајката Крис како и обезбедувањето се обидувале да ја извлечат бесната Клои, додека останатите стриптизети се разбегале, неведува тој.

Кошаркарот и ријалити ѕвездата се венчаа во 2009-та година, но поради неговите неверства и дрогата се разделија во 2013 година.

Клои во 2015 година покрена бракоразводна парница, која ја стопираше откако Ламар за малку ќе умреше по бурниот викенд полн со дрога и проститутки во Невада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...