Каракас ја осуди изјавата на Трамп за можност за испраќање војници во Венецуела

149
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Официјален Каракас ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за испраќање војници во Венецуела, изјави венецуелската потпретседателка Делси Родригес.

– Не прифаќаме вакви изјави на американскиот претседател. Зад нив стои скриен мотив, а тоа е желбата да ги зграбат богатите ресурси на Венецуела – рекла Родригес во изјава за руски новинари.

Таа изрази увереност дека Владата на нејзината земја е во состојба да ја реши политичката криза без мешање од страна, со мирни средства и во согласност со Уставот.

– Суверенитетот не е предмет на расправа, суверенитетот е она што мора да се брани – порача Родригес.

Трамп претходно рече дека постои можност за испраќање војници во Венецуела и оти го одбил барањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за состанок.

– Тоа секако е опција – рече Трамп во интервју за Си-Би-Ес, говорејќи за испраќање војска во Венецуела.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...