Капките за нос не се за деца

На децата на возраст под шест години не треба да им се ставаат капки во носот, а децата до 12-годишна возраст може да ги користат само кога е непходно, предупредуваат докторите.

719

Назални деконгестиви се лекови кои се користат за да се спречи прекумерно лачење на секрецијата во носот. Тие не влијаат врз причините што го предизвикуваат, но можат да ги ублажат непријатните придружни симптоми на вирусните и бактериски респираторни инфекции.
Но, родителите не треба да им ставаат капки во носот на децата под шест години, а кај децата на возраст меѓу шест и 12 години можат само ако е неопходно, предупредуваат лекарите во една студија објавена во Британскиот медицински журнал.

Доказите за ефикасноста на овие лекови се ограничени, но бидејќи повеќето настинки и вирусни респираторни инфекции поминуваат за седум дена, лекарите препорачуваат дека проблемот со затнат нос кај децата се решава на друг начин.

Децата во просек добиваат шест до осум такви инфекции годишно, додека возрасните имаат две до четири. Но, студиите покажале дека иако симптомите се непријатни, децата не можат да дишат правилно, ниту да спијат, не треба да им се ставаат капки, бидејќи тие не се безбедни.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...