Капиталните инвестиции на почетокот на годинава само 15 милиони евра

Годинава за капитални проекти се планирани 422 нилиони евра.

508

Во првите два месеца од годинава се потрошени 15 милиони евра или 3,5 отсто од предвидените пари за капитални проекти во износ од 422 милиони евра за годинава.

Според најавите од владата, се очекува интензивирање на инвестирањето во текот на наредните месеци со почетокот на градежната сезона со реализација на проекти во железницата, патниот сообраќај и гасоводната мрежа.

Реализацијата на капиталните инвестиции лани изнесуваше околу 197 милиони евра односно 65,5 отсто од планираните 400 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...