Канје: Доналд Трамп е мој брат

Твитовите на раперот Канје Вест, и сопруг на реалити ѕвездата Ким Кардашијан, добија политичка конотација.

428

Твитовите на раперот Канје Вест, и сопруг на реалити ѕвездата Ким Кардашијан, добија политичка конотација.

Четириесетгодишниот Канје на социјалната мрежа изрази поддршка за актуелниот американски претседател, Доналд Трамп.

– Не мора да се согласувате со Трамп, но никој не може да ме натера да не го сакам… Двајцата имаме енергија на змеј. Тој е мој брат. Јас ги сакам сите. Не се согласувам со сѐ што прави некој друг. Тоа не прави индивидуалци. Имаме право на независна мисла – објавуваше Вест во твитовите на социјалната мрежа.

Раперот напиша и дека тој не им кажува на поддржувачите на Хилари Клинтон да не ја поддржуваат неа.

– Јас ја сакам и Хилари – напишал уште сопругот на Кардашијан.

Во друга објава на Твитер, раперот објаснува дека сака кога луѓето имаат свои идеи, дека треба да сакаат кого сакаат и дека тој не бил политички определен.

– Јас не сум ниту демократ, ниту републиканец – твитна уште пејачот.

Потоа Канје се осврнува и на претходникот на Трамп, Барак Обама, пишувајќи: „Обама беше на власт осум години и ништо не се смени во Чикаго“.

Претседателот му одговори на објавите на раперот на Твитер со зборовите: „Благодарам Канје, многу кул“, а потоа во друга прилика изјавил дека Канје е паметен и дека ги согледува работите.

ФОТО; инстраграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...