Американскиот рапер Канје Вест отсега ќе го има сценското име Је (Ye), но на политички план и понатаму го поддржува Доналд Трамп, што претставува ретка поддршка на афроамерикански уметник на претседателот на САД.
– Јас сум Је – наведе музичарот на Твитер и додаде дека Је е личноста официјално позната како Канје Вест.
„Ye“ исто така е и насловот на неговоот последен албум. Изјавата музичарот ја даде пред гостувањето во емисија на Ен-би-си. Вест изјави дека го поддржува Трамп, иако додал дека за тоа му замеруваат белците бидејќи велат дека американскиот претседател е расист.
– Ако расизмот ми беше проблем, одамна би ја напуштил Америка – додаде раперот.