Канцелариите на УЈП утре ќе бидат отворени за граѓаните

Канцелариите ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД.

579

Управата за јавни приходи информира дека утре сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД (електонски систем).

Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8.30 до 14 часот.

Покрај овие мерки Управата за јавни приходи презема и други мерки со цел да им се олесни регистрацијата на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...