Канаѓанец доби 42,6 милиони евра на божиќен џекпот

126

Жител на Канада заработи 66 милиони канадски долари (42,6 милиони евра), откако го освои божикниот џекпот на канадската национална лотарија „Лото Макс“, што претставува досега најголема заработка на игрите на среќа во земјата.

Добитните броеви беа 7, 21, 23, 31, 34 и 45,со дополнителен број 37.

Компанијата организатор на лотаријата О-Ел-Џи информира дека добитното ливче било уплатено во провинцијата Онтарио.

Покрај џекпотот, на извлекувањето кое се случило завчера вечер, биле поделени и 20 од 48-те утешни награди. чија вкупна вредност изнесува еден милион канадски долари (646.800 евра).

Досега најголемиот џекпот во историјата на игри на среќа во Канада, во износ од 64 милиони кандски долари (41,4 милиони евра), беше исплатен во октомври 2015 година на лотото „6 од 49“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...