Канадска фирма откри богати наоѓалишта на благородни метали во Јужна Србија

Како што објаснува „Вечерње Новости“, според договорот, „Фортуна силвер“, која во Аргентина развива и проект за отворање рудник за злато „Линдеро“, се обврзала дека во понатамошните истражувања во областа ќе инвестира осум милиони долари.

605

Канадската фирма за истражување „Медголд рисорсис“ во јужна Србија, на границата со Бугарија и Македонија, пронашла одлични индикатори дека во таа област има богати наоѓалишта на благородни метали, јави Радио телевизија Војводина повикувајќи се на „Вечерње новости“.

Како што наведува весникот, оваа компанија, во истражувањето на рудното богатство под назив „Тламино проект“, пронашла слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и речиси неверојатни 193 грама сребро по тон.

После тоа, наведената канадска фирма склучила договор за заедничко вложување со компанијата од својата земја „Фортуна силвер“, која ги поседува наоѓалиштата на злато и сребро „Сан Хозе“ во Мексико и перуанското лежиште на сребро „Каилома“.

Како што објаснува „Вечерње Новости“, според договорот, „Фортуна силвер“, која во Аргентина развива и проект за отворање рудник за злато „Линдеро“, се обврзала дека во понатамошните истражувања во областа ќе инвестира осум милиони долари.

Планирано е од таа сума два милиони американски долари да бидат потрошени оваа година.

Исто така, според договорот, „Фотурна“, во замена за финансирање на геолошки истражувања во јужна Србија, би можела да стекне 70 отсто од сопственоста во „Талмино проектот“.

Според „Новости“, истражувањата се прават на површина од околу 200 квадратни километри на територијата на Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...