Канада се загрева два пати побрзо од остатокот на светот

Температурата во северните делови на Канада се зголемила за 2,3 степени Целзиусови во однос на просечната температура од 1948 година. 

134

Извештај на канадската влада за климата предупредува и дека промените се веќе очигледни во многу делови на земјата и воедно се предвидува нивно интензивирање, наведува Би-би-си.

До најголеми промени дошло на канадскиот Арктик кој ќе продолжи да се загрева повеќе од двапати побрзо од светскиот просек.

Во извештајот се навестува и дека многу од видените ефекти се најверојатно неповратни.

Се проценува дека просечната температура во Канада годишно се зголемила за 1,7 степени Целзиусови од 1948 година, кога прв пат е измерена и забележана температурата низ земјата. Температурата во северните делови на Канада се зголемила за 2,3 степени Целзиусови во однос на просечната температура од 1948 година.

„И човечкиот фактор и природните промени на климата имаат свој удел во загревањето на Канада, човечкиот фактор е доминантен“ пишува во извештајот.

Извештајот е направен откако владата на Канада вовела данок на јаглен диоксид за четири од 10 покраини, кои не успеале да изградат планови за борба против климатските промени.

Сепак, експертите наведуваат дека количината на загревање би можела да биде ограничена ако се преземе глобално делување со драстично намалување на емисии на јаглен диоксид и намалување на емисии на други стаклени плинови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...