Канада планира да изгради 18 нови бродови за крајбрежната стража за 11,7 милијарди долари, како дел од програмата за модернизација на застарената флота. Тоа го најави премиерот Џастин Трудо.
– Крајбрежната стража има бродови, од кои некои се стари колку и самата крајбрежна стража – рече Трудо на прес-конференцијата во Ванкувер.
Тој нагласи дека бродовите едноставно не ги задоволуваат барањата, а флотата, чии бродови се на средна возраст од 38 години, е на „работ на рѓосување”.
Уште две милијарди долари исто така се наменети за обнова на постоечки бродови, вклучувајќи поправки и одржување, додека се чекаат новите бродови.
Новите бродови, 16 повеќенаменски бродови и два арктички и офшор патролни бродови, ќе бидат изградени во канадски бродоградилишта.