Десет луѓе загинаа, а 16 се повредени кога камион удрил во група луѓе традиционален панаѓур во јужниот дел на Кина, соопшти денеска локалната полиција.
– Камионот возел по удолница кога возачот изгубил контрола и удрил во луѓето во градот Хуаши во провинцијата Хунан, стои во полициското соопштение.
Возачот е приведен, а во тек е и истрага за несреќата.