Камења и гасни бомби си разменија средношколците и полицијата во Атина

71

Група средношколци денеска се судрија со грчката полиција во центарот на Атина, за време на средношколските протести против најавените реформи во образованието со кои се менуваат условите за упис на факултетите.

Судирите започнаа кога демонстрантите дојдоа пред зградата на грчкиот Парламент и дел од нив почнаа да фрлаат со камења, факли и гасни бомби кон полицајците што ја обезбедуваа зградата. На ова полицајците возвратија со фрлање солзавец.

Судирите траеја кратко и демонстрантите набрзо се разотидоа.

Со реформите што ги предлага грчкото Министерство за образование се предвиуваат промени во наставниот план во последната година на образование во гимназиите и средните училишта и замена на досегашниот единствен приемен испит за упис на универзитетите, со различни за секој факултет.

Учениците сметаат дека со измените дополнително ќе бидат оптоварени во последната година од средношколското образование и ќе се создаде систем што ќе го обесхрабрува критичкото мислење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...