Каменос демантира дека на владината седница говорел за 50 милиони евра од Сорос

109
ФОТО: EPA / SOTIRIS BARBAROUSIS

Преку неговиот официјален Твитер профил, министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци, вели дека се лажни објавите во медиумите, според кои на минатонеделната владина седница говорел за 50 милиони евра од Сорос за грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

„Бидејќи сирачињата на Симитис, по потресеноста од притворот на Папандониу, и се предадоа на операцијата дефокусирање на болката, веќе 48 часа постојано објавуваат наводно споменување од моја страна на владината седница за 50 милиони евра од Сорос за Владата. Тоа се лаги. Доказ се стенограмите и присутните“, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...