Камбербач го очекува третото дете со сопругата Софи?

291

Ѕвездата од серијата „Шерлок“, Бенедикт Камбербач (42) и неговата сопруга, театарската режисерка Софи Хантер (40) го очекуваат нивното трето дете, објавуваат странските таблоиди.

Во информацијата стои дека под жолтиот фустан на Софи на доделувањето на наградите Еми се наѕирало дека таа е во блажена состојба, а парот изгледал пресреќно.

Оваа двојка првиот син Кристофер (3) го доби во 2015 година, четири месеци откако се венчаше. Камбербач тогаш раскажа дека татковството му помогнало во актерската кариера. Нивниот втор син, Хала, има 1 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...