Калифорнија се тресе

120

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на американската сојузна држава Калофорнија.

Американската Агенција за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу осум километри североисточно од градот Риџкрест во пустината Мохаве.

Земјотресот бил почувствуван и во околината на Лос Анџелес.

Од 4 јули во истата област во Калифорнија регистрирани се два силни земјотреси со интензитет од 6,4 и од 7,1 степени според Рихтер, како и голем број последователни земјотреси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...