Како што ја предадовте Катица, така ќе го предадете и Заев, лицемери бедни!

Никој од вас, пиздите, да му се најде сега, на зломака. Најбудалите меѓу вас се занимаваат со хименопластика, ја бранат „невиноста“ на Катица. На Катица „кадата“ без дупка за испуштање на валканата вода. Нема фајде од вас. Ниту некогаш имало. Објавувајте си и натаму цвечки на Фејсбукот. Кучиња и мачиња. Вие сте инфлуенсерковците на Заев несреќникот.

31232

На сите вас што се колнете во Зоран Заев, ќе ви кажам нешто што нема да ви се допадне. В лице ќе ви ја шлапнам вистината. Не, не за Заев, овој пат – за вас.

Бидејќи поголемиот дел од вас – не сите! – сте само бедни апологети и апаратчици што си ги чуваат привилегиите и фотелјите за своите омекнати газиња, уште сега ви велам: вие ќе го предадете Заев кога ќе му биде најтешко. Не, не сега, не веднаш, туку баш тогаш кога ќе му биде најтешко!

И сега му е тешко. Штом решил да „разговара“ со тој Ел Чека, види му го алот. Ама тоа значи дека е и дезориентиран, дека од својот кабинет или воопшто не е советуван или му се дадени погрешни и злонамерни совети, дека можеби и дипломатите веќе имаат резерви кон овој владин тим. А најтешкото допрва доаѓа…

Верувајте, знам како е да бидеш предаден. Не знам за Заев, ама јас го гледам вашето предавство уште сега. Гледам како вашите очиња веќе бараат нов шупак за увлекуење. Оти, нели, не се знае што носи денот и на која страна вашите носиња ќе ја намирисаат реата на анусот пред дефекација, новата дупка во која ќе треба да се вовлечете нежно, со вазелин, со еден емотивен притисок. Без при тоа носителот на шупакот да сфати дека вие сте, всушност, опасна базука, што ќе му ги разнесе цревата кога најмалку очекува.

Се колневте и во Катица Јанева. О дааа! Ја носевте на градите. За неа пишувавте панагирици. За неа и за „трите грации“. А сега ја мразите, како најголем душман да ви била. Велите, када била. Беше вашата хероина, вашиот идол, вашето најголемо откритие, а сега е обична, глупава када. Баухахахахаха!

Ги читав и вашите оргазмички тиради за Фатиме Фетаи. Чувам една. Најубавата. Не се дочитува од возбуда. Најиздржливите ејакулираат на половина текст. Ја чувам за успомену и дуго сечање. А сега не се осмелувате ни да ја спомнете. Никаде ја нема, кутрата Фатиме. Ги бришете набрзина вашите профилни фотки со „грациите“. Оние со напучени усни. Со кисчиња. За секој случај…

Мамлази едни!

Тоа сте вие, другарчиња – обични лицемери. Нека ми биде дозволен и еден вулгарен збор – пизди. Ете тоа сте вие, пизди!

Затоа и не ја разбирате битката што сега се води во аферата за бомбашкиот рекет. Не знаете која страна да фатите. И секако, не сфаќате дека на вашиот идол, кандидатот за Нобел, Зоран Заев, токму сега му треба и поддршка и поттик да излезе од тој маѓепсан круг на криминалот и на рекетот. Да ги симне од вратот оние крлежи кои невнимателно ги закачи и сега мора хируршки да ги отстрани.

Тој барем покажува волја да се соочи со ова зло. Бара чаре. Иако не му е лесно. Растргнат е меѓу разните интереси, тоа барем се гледа од Месечината. Затоа е толку нервозен. А кој не би бил?

И никој од вас, пиздите, да му се најде сега, на зломака. Најбудалите меѓу вас се занимаваат со хименопластика, ја бранат „невиноста“ на Катица. На Катица „кадата“ без дупка за испуштање на валканата вода. Нема фајде од вас. Ниту некогаш имало. Објавувајте си и натаму цвечки на Фејсбукот. Кучиња и мачиња. Вие сте инфлуенсерковците на Заев несреќникот.

Во хаос сте. Лутате, абдали едни! Затоа што никогаш не сте биле способни и храбри да мислите со сопствените глави. Ако некогаш сте биле, сте заборавиле. Најсреќни би биле ништо да не се случеше, сѐ да си беше по старо. Сега чекате директиви. Чекате некој друг да ви каже што да мислите и што да зборувате.

Трупои едни! Сте имале лош ден. Баухахахахаха! Лоша недела. Лоша година, можеби. Ма нееее! Вие самите сте лоша берба. Скапаници. Гнилеж. Бофл роба. Олош!

А Заев, кутриот, на вас се надева. Во вас инвестира. Кое епско промашување сте му вие… Еден ден ќе се сети на ова што сега го чита. Ако чита. Ќе сфати што мустри видел во вас, какви фелери „купил“ и какво срање вие „продавате“ во негово име и за негова сметка. Можеби и сега го насетува вашето предавство. Да не му е човек во кожата тесна…

Тешко нему, ама тешко и на нас. Богами, тешко и на Македонија со вас!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...