Како „хормонот на љубовта“ не прави позитивни, подруштвени, па дури и порелигиозни?

152

Окситоцинот, „хормонот на љубовта“ што го прозведуваме главно за време на сексот, е поврзан и со духовноста, па дури и побожноста, се вели во ново истражување објавено на порталот „Сај Блог.

Раководителот на студијата, д-р Пати ван Капелен, смета дека мажите кои се здобиле со вообичаената доза окситоцин, имаат посилни и поизразени духовни чувства и состојби дури една седмица потоа.

– Окситоцинот е невротрансмитер, којшто човечкиот организам го лачи при секс, но и при бакнеж или прегратка со саканата личност, на пример. И претходни истражувања го поврзуваат овој хормон со засилувањето на алтруизмот, интензивирањето на меѓучовечките и друштвени односи и други слични појави. Тој го има ефектот на медитацијата, која исто така придонесува за подобро здравје и благосостојба – вели д-р Ван Капелен.

Според него, окситоцинот е еден од биолошките фактори, кои можат да ги интензивираат и духовните размисли.

Мажите кои учествувале во испитувањето минале низ насочена медитација. По сеансата, оние кои создале доволно окситоцин, биле поподготвени на тоа да се согласат со тврдења од типот: „Се што е живо, е меѓусебно поврзано“, „Има повисоко ниво на свест и духовност што ги поврзува луѓето“ итн. Интересно е што истите луѓе биле и посклони кон чувствата на надеж, љубов, благодарност и спокој.

– Духовноста е сложена и зависи од многу фактори… А окситоцинот дефинитивно влијае на тоа како го гледаме светот и во што веруваме – додава Ван Капелен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...