Како треба да се храниме за да доживееме стотка?

Студијата на јапонските научници кои во период од 20 години следеле 71.000 возрасни Јапонци на средни години покажала дека меѓу лицата кои во својата исхрана ја замениле консумацијата на само 4 отсто месни прерабoтки со исхрана базирана на растителни протеини забележана е 46 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина и 50 отсто помала веројатност дека ќе починат од рак.

920

Лицата кои консумираат повеќе вегански или растителни протеини можат да бидат подолговечни од оние кои ги внесуваат во организмот од месото, покажале резутатите од јапонското истражување. Помеѓу лицата кои во својата исхрана ја замениле консумацијата на само четири отсто од месните преработки со исхрана базирана на растителни протеини забелжана е 46 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина!

Во склоп на студијата научниците во период од 20 години следеле 71.000 возрасни Јапонци на средни години.

Во споредба со лицата кои консумирале најмала можна количина растителни протеини, кај кај испитаниците кои консумирале најголема количина во текот на студијата е забележана помала веројатност од смртен исход и 16 отсто помала веројатност од смртен исход од кардиоваскуларни болести.

Претходните истражувања покажале дека поголемата потрошувачка на животински протеини се поврзува со зголемен број хронични болести и смртни исходи, додека поголемата потрошувачка растителни или вегански протеини е поврзувана со помал ризик од наведените резултати. Но повеќето од тие студии се спроведени помеѓу припадниците на западната популација кај која потрошувачката на животински протеини е многу поголема од консумацијата на оние растителнитерекол д-р Френк Хју, раководител на одделот за нутриционизам на харвардскиот факултет за јавно здравје T.ХЧен во Бостон.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...