Возачите на автобуси во Јапонија штрајкуваа на необичен начин.
Наместо да блокираат улици, возачите им пружаат бесплатно возење на сите патници. Ова е интересна тактика. Ако одбиеја да ги возат автобусите, раководството на компанијата можеше да каже на јавноста дека возачите се грижат само за себе, а не за патниците што зависат од автобусите. Наместо тоа, тие работат вообичаено, ги возат автобусите според распоредот , само што за тоа не наплатуваат билети.
Ова не е првпат таков штрајк да се случи во Јапонија или ширум свет. И во Бризбејн и Сиднеј минатата година имаше бесплатни денови како дел од работните спорови. Најраниот документиран случај на „штрајк без промет“ се случил кога протестирале работниците на трамваите во Кливленд во 1944 година, а слични случаи кои вклучувале и други услуги се случиле во Европа и Латинска Америка пред тоа.
Читателите на веста изразија поделено мислење околу концептот, при што многумина се прашуваа дали ваков вид на штрак навистина е во најдобар интерес на работниците.
ФОТО: Youtube СКРИНШОТ / ksb5ch