Како се хранат децата во нашите училишта?

Во американските јавни училишта во областа Род Ајленд била вратена назад одлуката со која, на децата кои долгуваат за храната, наместо топол оброк да им се даваат сендвичи, откако родителите се побуниле поради ова. Како е кај нас? Напишете ни ги вашите искуства?

127

Училишниот округ Род Ајленд ја променил својата политика откако се соочил со критики за планот да им служат на учениците кои должат пари за ручек, сендвичи, наместо топол оброк.

Областа се соочила со притисок откако објавила на Фејсбук дека студентите кои должат пари  за ручек ќе добиваат ладни сендвичи додека не се плати долгот.

Родителите оставиле голем број на лути коментари при што многумина тврделе дека одлуката ги казнува децата кои се во лоша финансиска состојба или пак дека износите што ги должат се тривијални.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...