Која техника и да ја примените при изработката на домашни сладоледи, важно е да знаете дека не можете да згрешите – што и да ставите во базата, без разлика дали се работи заовошни или чоколадни и карамелизирани вкусови, сѐ додека сладоледот веднаш по подготвувањето го ставите во соодветен сад, па во замрзнувач, вкусовите ќе останатнепроменети, автентични и токму такви какви што сакате.
На многумина им е омилен чоколадниот сладолед како поради слаткоста, така и поради големата љубов кон чоколадото. Меѓутоа, купечкиот сладолед содржи млеко, како и преработени шеќери. Поради тоа време е да се направи истиот деликатес, само уште повкусен, без млеко или шеќер.
Побарајте ги рецептите на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey