Да се воспитува и да се одгледува дете од две години и адолесцент, не е исто. Секоја развојна фаза е подеднакво важна и носи единствени предизвици и за децата и за родителите.
Сепак, студиите покажуваат дека најстресна е фазата на адолесценцијата, посебно на раната адолесценција, затоа што подразбира т.н. детачмент родителство, поточно време за одвојување од родителите. Празнина, анксиозност, осаменост, се само некои од емоците кои мајките на адолесцентите најчесто ги наведуваат прашувајќи „Што се случи со моето мирно и послушно дете?“
Клучна задача на адолесценцијата е достигање на автономија во смисол на самостојност и изградба на самодоверба. Додека адолесцентите ги преиспитуваат улогите и границите на односот, родителите балансираат на жица помеѓу давањето слобода и одржувањето на блискост и приврзаност. Значи, за да се развие автономија, самостојноста и соработката со родителите мораат да коегзистираат.
Успешното поминување низ адолесцентската фаза во еден дел е под влијание на стилот на родителството. Истражувањата покажуваат дека авторитативното родителство (висока контрола, но и високо прифаќање), поттикнува здрав психосоцијален и академски живот, како и прилагодено однесување. Адолесцентите кои одржуваат топли емоционални односи со родителите кои од друга страна ги поддржуваат и уважуваат, се помалку склони кон депресија и девијантни однесувања, позрели се, поподготвени за училиште и имаат повеќе самодоверба.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Myicahel Tamburini from Pexels