Портсмут, Охајо – Мајката на Лејла Кег се врати дома по три недели и рече дека завршиласо хероинот. Таа е подготвена за лекување и сака да учествува во животот на нејзината ќерка. Но, Лејла веќе го слушнала сето ова и не верува во ниту еден од зборовите на нејзината мајка.
Нејзината доверба беше целосно уништена откако таа со години ја гледаше нејзината мајка,како наизменично се лекува и се враќа на нејзината зависност. А потоа ова најново откритие: „Пред некој ден најдов игла во чантата“, вели Лејла додека седи на кујнската маса.„И баба најде уште две во машината за перење“.
Пауза, а потоа и канонада од извинувањата на мајката. Лејла (17) ги превртуваше очите и воздивна. Пет дена подоцна, нејзината мајка, Ники Хор, повторно исчезна.
Повеќе од 20 години откако почна да се користи Оксиконтин – и близу 400.000 смртни случаи од предозирање подоцна – цела генерација расте среде историска епидемија: децата чии семејства се заробени во маѓепсаниот круг на зависност, рехабилитација и затвор.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.