Наследувањето на кралскиот трон во британското кралско семејство зависи од повеќе фактори, но секако, најважни се редоследот на раѓање на наследниците, а до 2011 година важна улога играше и полот на членот.
Како што веќе знаеме, кралицата Елизабета Втора го наследи тронот од својот татко, кралот Џорџ Шести. Таа има и помлада сестра, принцезата Маргарет, која почина во 2002 година, но и нејзиното семејство, иако многу подолу, се наоѓа во линијата за наследство на тронот.
Доколку некој од првите шестмина по кралицата Елизабета стапи во брак кој таа не го одобрила, го губи правото на наследство на тронот и редот се поместува за еден погоре.
Прв по кралицата Елизабета е нејзиниот син, принцот Чарлс од Велс. Линијата на наследство изгледа вака:
1. Принцот Чарлс од Велс, син на Елизабета Втора
2. Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, син на Чарлс
3. Принцот Џорџ од Кембриџ, син на Вилијам
4. Принцезата Шарлот од Кембриџ, ќерка на Вилијам
5. Принцот Луи од Кембриџ, син на Вилијам
6. Принцот Хари, војводата од Сасекс, син на Чарлс и помлад брат на Вилијам
7. Принцот Ендрју, војводата од Јорк, брат на Чарлс, син на Елизабета втора
8. Принцезата Беатрис од Јорк, ќерка на принцот Ендрју
9. Принцезата Јуџина од Јорк, ќерка на принцот Ендрју
10. Принцот Едвард, грофот од Весекс, син на Елизабета Втора
11. Џејмс, виконт од Северн, син на принцот Едвард
12. Леди Луиз Виндзор, ќерка на принцот Едвард
13. Принцезата Ен, ќерка на Елизабета Втора
14. Питер Филипс, син на принцезата Ен
15. Савана Филипс, ќерка на Питер Филипс, внука на принцезата Ен
16. Исла Филипс, ќерка на Питер Филипс, внука на принцезата Ен
17. Зара Филипс Тиндал, ќерка на принцезата Ен
18. Миа Тиндал, ќерка на Зара Тиндал, внука на принцезата Ен
Со ова завршува директната линија на кралицата Елизабета Втора, а следните шестмина во линијата за тронот се потомците на нејзината сестра Маргарет, грофицата од Сноудон, која почина во 2002 година. Потоа следуваат семејствата на двајцата браќа на кралот Џорџ, од кои принцот Хенри, војводата од Глучестер, кој починал во 1974 година, има вкупно 10 директни наследници (3 деца и 6 внуци) и по него е принцот Џорџ, војводата од Кент, кој починал во 1942 година, но има три деца, шест внуци и дури 16 живи правнуци, од кои двајца го имаат изгубено редот за наследство на тронот.