Колку пати детето навистина тргнало за пет минути кога сте му рекле?
Колку пати го повториле прашањето „А кога ќе дојде тато?“, а вие сте му одговориле – „Па ти кажав, во 5!“. Колку пати до сабота го повторило истото прашање – „Кога ќе одиме во зоолошка градина?“
За да се поштедите себеси од повторување на истите работи, но и од очекувањата детето после тие пет минути навистина да тргне дома и да се нервирате што „не ве послушало“ – престанете да му зборувате во сатници.
Децата немаат исто доживување на времето како возрасните – односно немаат искуство што точно значат 5, 10 минути, шест попладне, сабота… За нив се тоа само зборови заради мама и тато понекогаш „се лутат“, но нивното вистинско значење еден двегодишник, тригодишник, па и петгодишник, едноставно не го разбира.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.