Како да препознаете дали лебот е навистина црн или обоен?

Тајната на црниот леб е во неговото изобилство од влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија.

842

Црниот и р’жаниот леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје и водат сметка за правилна исхрана. Таквиот леб би требало да се призведува во поголем дел од цело пченично или р’жано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи.

Тајната на црниот леб е во неговото изобилство од влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Тој и во мали количини дава чувство на ситост па затоа се препорачува како предјадење за отфрлање на нервозата поради глад.

Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот и може да стои подолго време, а да не се стврдне. Корисно е да се знае дека црниот леб се препорачува кај срцевите болни. Освен тоа, влакната придонесуваат за ниско ниво на шеќер во крвта, така што овој производ е почитуван и од страна на дијабетичарите.

При купување важно е дали црниот леб е навистина црн, односно дали е произведен од цело зрно или е само додадена карамела за боја или нешто што воопшто не треба да се наоѓа во лебот. Р’жан леб се смета оној кој содржи најмалку 30 отсто р’жано брашно. Tемната боја не е показател за квалитетот на лебот, тоа често е само вештачка боја. Најздрав е најтврдиот и најжилавиот леб.

Како да препознаете вистински црн леб
– Ставете во вода парче од средината на лебот. Ако лебот се избели, а водата потемни, тоа значи дека лебот е обоен.
– Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот.
– Црниот леб не може да биде прозрачен и еластичен.
– Средината на црниот леб има подлабоки пори и помал волумен.
– Црниот леб има поинаков мирис од белиот.

Р’жан леб
– има повеќе од 20 отсто пченично брашно и тоа мора да стои на декларацијата.
– мешаниот р’жан леб треба да има 30 отсто р’жано брашно.
– содржи многу витамини, минерали и богат е со влакна, лесно се вари.
– создава долготрајно чувство на ситост.
– добар е за диета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...