Како да го продолжите рокот на траење на бананите: Потребен ви е само еден предмет

Ако сакате да го продолжите рокот на траење на бананите можете тоа да го направите многу едноставно и тоа со помош на само еден предмет кој го има секое домаќинство.

1099

Покрај јаболкото и портокалот, бананата е сигурно еден од најчестите продукги богати со минерали и витамини кои се наоѓаат во вашиот сад со овошје.

Бидејќи секогаш е добредојдена како меѓуоброк или како една од состојките на супер здравите „шејкови“, сакаме да ја имаме во секој момент и тоа во што подобра состојба. Затоа постои еден трик со кој бананите ќе траат што е можно подолго.

Ако сакате да го продолжите рокот на траење на бананите можете тоа да го направите многу едноставно и тоа со помош на само еден предмет кој го има секое домаќинство.

Станува збор за пластична фолија со која го обвиткувате врвот на бананата или гроздот на бананите.

После секое земање една банана, повторно обвиткајте го врвот на преостанатите банани и така продолжете им го рокот на користење и до една недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...