Како да го одложите или да го скратите менструалниот циклус?

Колку и да го планирате годишниот одмор, менструацијата може да ве изненади и да ви уништи барем пола одмор. Затоа, вооружете се со лимони

808

Ако и вам ви се случи среде одмор да добиете менструација, иако не ѝ е време, посегнете по природен начин со кој ќе го скратите циклусот. Со гаранција!

Со мојата другарка Кате за време на нашите тинејџерски летувања, редовно го применувавме ова. Бидејќи по некое непишано правило, жените и девојките кои поголемиот дел од времето го минуваат заедно или живеат во иста куќа, често имаат менструален циклус во исто време, кога нам ќе ни се случеше тоа, купувавме 1-2 килограми лимони и ги јадевме, онака, исечени на кришки, како портокал. Да, беше кисело, ама забавно и ефикасно. И беше подобра варијанта од онаа, да седиме цел ден во куси пантолони додека сите се бањаат.

Значи, ако ви се случи среде одмор да ве изненади менструалниот циклус или пак знаете дека ќе се случи тоа, одложете го или скратете го со помош на лимони.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...