Како да го исчистите организмот од никотин

Земајте 2.000 милиграми витамин Ц, како и зеленчук со зелена боја. Пушачите кои го зголемиле внесувањето на зеленило и на овошје, ја намалуваат можноста за заболување од рак на белите дробови за 23 отсто.

774

Оние кои неодамна престанале да пушат, но и сите пушачи, би требало што побргу да ги воведат во менито намирниците кои ќе помогнат никотинот таложен со години побрзо да се исфрли од организмот. Познато е и дека на зависниците од никотин им недостасуваат многу витамини и минерали, затоа што пушењето негативно влијае врз способноста за нивна апсорпција од храната.

Оваа лоша навика најмногу влијае на намалување на количината на витамин Ц и колку е поголем бројот на испушени цигари во текот на денот, сѐ помалку го има во организмот. Затоа на пушачите им се потребни дневно 2.000 милиграми витамин Ц кој може да се обезбеди со редовно земање на овошје и зеленчук.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...