Како влијае отфрлањето на таткото врз социјалните вештини на детето

Близината и вклученоста на татковците за да ги развијат нивните деца социјалните вештини и пријателства се поважни отколку што се мислеше. Истражувачите од универзитетот во Пенсилванија откриле колку може родителското отфрлање да влијае на социјалниот живот на детето.

358

Децата кои биле отфрлени од своите татковци биле социјално повознемирени од оние деца кои не биле отфрлени. Татковците обично не се вклучени во семејните истражувања, такашто е многу битно да знаеме повеќе за татковците и како тие влијаат на пријателствата во адолесцентниот период и на самотијата“, рекол лидерот на истражувањето Хио Ва Мак.

Истражувачите на основа на податоците од 687 семејства со деца откриле дека одбивањето на родителите го зголемува чувството на осаменост, додека исклучувањето од страна на таткото е поврзано со развивањето на социјална вознемиреност, односно, страв од интеракција со други луѓе.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...