Каков ужасен дизајн за еден народ и земја!

Креатори, испраќачи, правдачи на еден силеџија и на неговото насилство. Бедни црви и робови. Гниди човечки кои симулираат живот. Ми се гади од секој чекор поминат на улица заедно со вас, ве отфрлам, пардон, ќе се отфрлам самиот од секое ваше друштво, мисла, збор, став или гледиште.

3968

Сė што остана во оваа земја е личното однесување како ултимативен политички акт. Тоа е единственото што нė прави луѓе или деклинира до силеџиска стока.

Степенот на релативизам, шегобијство, лигавост, морална никаквост, што се презентираше од страна на луѓе во одбрана на неодбранливото, а тоа е многу подлабоко од самата навреда, говори за нашата сервилност и нечовечност.

Тоа е хипокризија каква што една земја не може да издржи, а да биде нормална, тоа е криминалот на малиот човек кој на човека му е првиот крвник, тоа говори како овој народ не може да е објективен пред себе, најмалце пред своите политичари.

Ние сме секојдневната слика на ужасот кој ни се сервира, и вакви ужасни, не заслужуваме ништо подобро.

Џабе ви се, сератори, сите епопеи за слободата, вие сте прости робови, ние сме како колективна свест неослободливи, ние сме една загадена мочвара на човештвото, и вашата улога е да го дотруете обичниот добронамерен човек.

Креатори, испраќачи, правдачи на еден силеџија и на неговото насилство. Бедни црви и робови. Гниди човечки кои симулираат живот. Ми се гади од секој чекор поминат на улица заедно со вас, ве отфрлам, пардон, ќе се отфрлам самиот од секое ваше друштво, мисла, збор, став или гледиште.

Ужас, беден ужас. Каков ужасен дизајн за еден народ и земја. ПУ да ви се плукнам!

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...