Каков е ставот на НАТО по раскинувањето на Договорот за ликвидација на ракети за среден и краток дострел?

260

Сојузниците на НАТО остануваат посветени на зачувување на ефикасноста на системот за контрола на оружјето по раскинувањето на Договорот за ликвидација на ракети за среден и краток дострел (ИНФ) и поддржуваат посилни мерки за тоа да се постигне, се вели во денешното соопштение на Северноатлантскиот совет.

„Сојузниците се цврсто посветени на заштита на ефикасноста на меѓународната контрола на оружјето, разоружување и неширење оружје. Затоа, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме и зајакнуваме контролата на оружјето, разоружувањето и неширењето како клучен елемент на евро-атлантската безбедност“, се вели во соопштението.

Официјално денеска крај на на Договорот за ликвидација на ракети за среден и краток дострел, ставија САД и Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...