Каков е ставот на ЕУ по немирите во Венецуела?

101

Европската Унија одблиску ги следи случувањата во Венецуела каде вчера избија немири помеѓу режимот на Николас Мадуро и поддржувачите на опозиционерот Хуан Гуаидо.

ЕУ повикува на смиреност и воздржаност и потсетува дека само политичко, мирно и демократско решение е одговор за излез од бројните кризи во земјата.

„Европската Унија отфрла секаков вид на насилство и повикува на најголема воздржаност за да се избегне губење на живот и ескалација на тензиите“, пишува во соопштението на Советот на ЕУ за надворешни работи.

Европската Унија порачува дека ќе продолжи да го поддржува венецуелскиот народ и повторува дека треба да се одржат фер и демократски избори согласно уставот на земјата за да се стави крај на конфликтот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...