Ако го разгледате профилот на Иванка Трамп на Инстаграм или пребарате на Гугл неколку нејзини фотографии од разни настани, ќе забележите дека на 90 отсто од нив, има идентична поза.
Едната нога секогаш и е исфрлена напред, додека рацете и се лесно спуштени покрај колковите, а телото и е благо наклонето.
Што значи ваквиот начин на позирање? Еден експерт за говор на телото објаснил:
– Ова е првата поза која ќе ве научат доколку сакате да бидете модел. На тој начин изгледате потенки и повисоки.
Нејзиното стапало кое речиси секогаш е исфрлено кон напред создава слика на силна, моќна и компетентна жена.
Но, нејзините раце се сосема друга приказна. Ги држи по страна, во близина на телото. Овој гест оддава недостаток на моќта, но се труди да изгледа дамски и нежно.
Нејзината поза изгледа како да се бори помеѓу тоа дали сака да биде силна или нежна жена. Изгледа дека и е важно да оддава впечаток на прибраност и совршенство.
Сака да остави впечаток на порцеланска кукла, па затоа никогаш не позира спонтано.
На фотографиите со сопругот, исто така, има два контрадикторни ставови. На некои фотографии е наклонета кон него и сака да покаже блискост, додека на другите сака да стои макар малку пред него и да покаже доминација.
ФОТО: Инстаграм