Воспаление на меурот, габични инфекции и воспаление на јајчниците се чести појави на летните уживања. Причина за тоа е затоа што сега не размислуваме дали ни се исушил костимот за капење, дали одиме боси по плочките, дали тоалетот е чист или дали сме седнале на туѓа крпа за плажа. Како последица на тоа можни се заболувања кои можат да го расипат долгоочекуваниот безгрижен одмор.
Мокриот костим за капење може да доведе до разни здравствени проблеми. Воспаление на меурот. Наглите промени на температурата како што е излегувањето од климатизиран простор или влегувањето во ладно море можат да бидат виновници за воспаление на меурот. Исто така, треба да внимавате и кај користењето на јавниот тоалет каде разните опасности се кријат не само на даската на тоалетната школа, туку и на кваките, славината и тоалетната хартија. Симптомите како што е зачестено мокрење е проследено со печење, па дури и траги на крв во мокрачата можат да бидат поприлично непријатни, па ако забележите такви реакции потребно е да побарате помош од лекар кој ќе ви препорача адекватен антибиотик.
Исто така, е препорачливо да се пијат барем два литра течности дневно за да се исплакнат бактериите, топол увин чај, како и свежо овошје и зеленчук.
габични инфекции
Со инфекции од овој тип најчесто можете да се заразите со користење на базен, а поретко во море. Најзагрозени се лицата кои јадат многу слатки, консумираат алкохол и имаат ослабен организам.
Најчесто габично заболување кое воедно е и најупорно и најдолго се лекува е предизвикано од габичката кандида која може да се јави и после користењето на антибиотик.
Најчести симптоми се црвенило, чешање, оток и интензивиран белузлав исцедок, а проблемот може да се реши со земање брис кој ќе даде информации за каква габичка станува збор. Првичните симптоми можно е да се ублажат со плакнење на вагината со чај од невен или кантарион. За да се намали можноста за заболување од овие непријатности водете сметка за хигиената на крпите, почесто менувајте ги хигиенските влошки, користете памучна долна облека и пресвлекувајте се во сув костим за капење, и секоја вечер перете го.
Воспаление на јајчници
Воспалението од овој тип е многу често за време на престој на море, а најчесто е предизвика од сончање после кое влегувате во студена вода. Исто така, и летните дождови проследени со ветар можат да предизвикаат исто. Симптомите на воспаление на јајчници се проследени со болки во долниот дел од стомакот , пределот на левиот, десниот или на двата јајчници, а понекогаш може да се појави и покачена телесна температура.
Воспалението од овој тип мора да се лекува со антибиотици кои ќе ви ги препише лекар, а за го спречите избегнувајте студени пијалаци и не одете боси. Во текот на воспалението важно е стапалата и стомакот да ви бидат суви, и да престојувате на сонце за да го загреете стомакот.