Каква исхрана води кон анемија и што да јадете за да не бидете слабокрвни

Се проценува дека секоја петта личност во светот боледува од анемија која е предизвикана од недостаток на железото поради неадекватниот начин на исхрана.

365

Лошата исхрана предизвикува развој на анемија (слабокрвност) кај жените во постменопаузата.

Недостигот на две хранливи материи во исхраната е позврзан со 20 отсто зголемен ризик од анемија, а при недостиг на три такви материи, ризикот се зголемува 50 отсто.

Се проценува дека секоја петта личност во светот боледува од анемија која е предизвикана од недостаток на железото поради неадекватниот начин на исхрана.

Анемијата особено им се заканува на жените кои консумираат помалку протеини, фолнa киселинa, витамин Б12, железо, витамина Ц, како и црвено месо.

Нутриционистите, исто така, утврдиле дека употребата на мултивитамини и минерали не штити од слабокрвност. Нејзината појава, од друга страна, е поврзана со животната возраст, индексот на телесната маса и со пушењето.

Од анемија, односно од недостиг на железо, страдаат голем број жени.
Симптомите се најчесто општа слабост, малаксаност, неподнесување тежок физички напор, а во потешката фаза на анемија се јавуваат главоболка, бледило, намален апетит, чукање на срцето, кршливи и слаби нокти и коса.
Што се однесува до исхраната, нивото на железото во организмот можете да го зголемите со консумирање црвено месо, изнутрици, пилешко и мисиркино месо, риба, морски плодови, грав, грашок, кромид, лук, жолчка од јајце, печурки, зелен зеленчук (коприва, спанаќ, магдонос, коријандар), кајсии, цреши и сушено смокви.
Кај анемијата, особено кај децата и помладите лица, меѓу најделотворните производи се смета цвеклото. Тоа е богато со железо, а содржи и материи кои учествуваат во создавањето на витамин Б12, кој е еден од факторите за создавање на еритроцитите во крвта.

Црвената боја на цвеклото потекнува од антоцијанот, кој влијае на регенерацијата на крвта во организмот. Најдобро е цвеклото да го консумирате свежо, изрендано за салата или од него да исцедите сок, бидејќи на тој начин многу повеќе ќе ги сочувате неговите лековити материи. Во свежиот сок од цвеклото можете да додадете една лажица мед или сокот да го комбинирате со друго овошје или зеленчук, а особено добро се сложува со јаболкото и морковот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...