Казна за не давање лозинки на царинарниците на Нов Зеланд

272

Новозеландските царинарници сега можат законски да побараат од патниците да ги откријат лозинките на нивните електронски уреди.

Според новиот закон за „дигитално пребарување“, кој стапи на сила оваа недела, секој кој одбива да ја даде својата лозинка може да биде казнет со парична казна од 5.000 новозеландски долари (2.800 евра), како и да одземен и уништен од паметниот телефон или лаптоп.

Според Советот за граѓански слободи на Нов Зеланд, овој закон им дава „прекумерни” овластувања на властите и може да доведе до сериозни „нарушувања на приватноста”.

Портпаролот на царинските власти, Тери Браун, објасни дека законодавниот акт е потребен за да се разјаснат овластувањата на вработените во случај да се сомневаат во законски прекршувања, без разлика дали се работи за експлоатација на деца, трговија со дрога или тероризам.

Во 2017 година, новозеландските царински власти пребарале 537 електронски уреди од вкупно 6,6 милиони странци кои ја посетиле државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...