Казахстан: Евакуација на градот Арис по експлозии во воена база

76

Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, со 44.000 жители по серијата експлозии во блиското складиште за муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Експлозии, чија причина не е позната, се случија во воената база во Арис.

Министерството нагласува дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат за 10 лица со повреди кои биле примени во болницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...