„Кажи ми со танц“ во сабота и недела во Капитол мол

135

Во секој наш разговор постои одреден „шум“. Тоа е мало недоразбирање зависно од карактерот на индивидуата и од начинот на изразување. Зборовите и речениците не можат секогаш да го искажат вистинското значење и затоа Капитол мол организира танцов хепенинг наречен „Кажи ми со танц“. Преку овие денови на танц Капитол мол сака да покаже една нова платформа и нов темел за меѓусебно разбирање.

Стотици минувачи беа сведоци на една голема „танцова битка“ (dance battle) пред некој ден. Десетици млади хип-хоп и р’н’б танчари започнаа една караница за да видат кој е подобар, кој владее со музиката. На едната страна беа студиото Брејк а лег, а на другата Аква денс клуб. Тие си ги одмерија силите во ритамот кој ги очекува сите што ќе го посетат Капитол мол на 6-ти и 7-ми октомври (сабота и недела). Во овие денови на танц посетителите на Капитол мол ќе може да се запознаат со балетско студио Сонце, балетско студио Диадема, Аква денс клуб и студио Брејк а лег. Во текот на овие два дена тие ќе им ги претстават своите програми и можности, со цел заинтересираните да се впуштат во откривање на нов начин на разговор, преку движења и музика. Капитол мол ќе бие во ритамот на класичен и модерен балет, хип-хоп и р’н’б.

За тоа како ќе ја почувствуваат оваа музика и танц, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе ја преточат инспирацијата во зборови и стихови и ќе им ја доделуваат на посетителите. Воедно, тие ќе ги потпишуваат и своите книги и поеми.

Капитол мол цели кон тоа караницата да се претвори во танц, недоразбирањето во причина за разговор и неискреноста во искажување на вистината. Затоа со комплетна грижа се фокусира на своите посетители и ги негува нивните најважни вредности.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...