Највисоките плати, според податоците на Државниот завод за статистика, во август се се исплатени во секторот „компјутерско програмирање“ каде што просекот е 63.870 денари. Следат секторите „информации и комуникација“ каде што во август просекот достигна 46.384 денари, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“, со просек од 44.362 денари, „финансиско-услжни дејности“, 43.023 денари и „воздухопловен транспорт“ каде просечно се зара ботува по 41.337 денари.
Далеку под просекот пак се платите во секторот „заштита и истражување“ со просек од 13.703 денари, „производство на кожа“ од 15.178 денари, „рибарство и аквакултура“ каде што просекот е 15.430, денари како и во секторите „услуги поврзани со одржување на згради, животна средина и природа“ со просек на плата од 15.614 денари и „производство на облека“ каде што во август е изплатена 15.991 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто.