Над 30 културно уметнички настани ќе бидат дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ што почнува денеска во Кавадарци.
Културните настани на градскиот плоштад ќе почнат со настапот на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ и настап на ученици и професори од Основното музичко училиште „Лазо Мицев Рале“.
– Љубителите на културата и уметноста ќе можат да уживаат во концерти на класична музика, фолклорен фестивал, ликовни изложби, работилници од областа на театарот, фолклорот и фотографијата. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и „Месец на театарот во Кавадарци“, по повод 90 години од првата официјално одиграна театарска претстава во Кавадарци. По тој повод ќе се реализираат неколку претстави на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура, од кои една премиерна, како и неколку гостувања на професионални театарски ансамбли, информираат од Културниот дом.
Манифестацијата официјално ќе биде затворена на 15 ноември 2019 година.