И ребалансот на буџетот ќе зависи од договорот во Собранието

90

Ребалансот на Буџетот е генерално подготвен, но сето тоа зависи од преговарачкиот процес за иднината на државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Ребалансот на буџетот генерално е подготвен. Тој ќе се однесува само на алокција на поддршката на општините и за некои ситни работи, кои, и дали ќе ги има, или се дел од буџетот. Но, секако сето ова зависи од преговарачкиот процес за иднината на државата – изјави премиерот одговарајќи на новинарски прашања по денешното присуство на првиот академски час на ФИНКИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...