И покрај тензиите со Трамп, сите земји од Г-7 удрија потпис на соопштението

Неименувани извори од кабинетот на Макрон посочиле дека САД не се сложувале со гледиштата на останатите земји, особено во однос на прашањата за екологија.

300

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека сите земји членки на групата Г-7 го потпишале заедничкото соопштение, без оглед на тензиите со САД околу тарифите за челик и алуминиум.

Претходно францускиот претседател Емануел Макроон истакна дека заедничкото соопштение е само прв чекор во обидот да се „стабилизираат работите“.

Неименувани извори од кабинетот на Макрон посочиле дека САД не се сложувале со гледиштата на останатите земји, особено во однос на прашањата за екологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...